Новопечен „охриѓанец“, незаконски извршил кастрење на гранки од боровите во шумата кај Плаошник, оти му сметале на видикот.
Имено, лице што неодамна купило куќа во стариот дел на градот под изговор дека сака да го отстрани штетниот бршлен од боровите ги скастрил гранките од дрвјата, кои му пречеле на видикот.
За случајот известени се надлежните служби во Локалната самоуправа, од каде информираат дека кастрењето на гранките е извршено незаконски и дека оштетените дрвја не биле во приватен имот, туку на државно земјиште.
Општинскиот инспекторат презема мерки за расчистување на случајот.












