На Бил Тејтлеф од Кентаки му било потребно повеќе од половина век да врати две билки кои ги украл во 1958 година од Стогодишниот парк во Нешвил, пренесуваат медиумите во САД.
Бил изјавил дека ги украл билките бидејќи немал доволно пари во тоа време да и купи подарок на мајката за денот на мајките. Во тоа време имал 18 години и бил тазе оженет. Не му се допаднало како се чувствувал, па одлучил да ги врати. Тој рекол дека сега може да шета низ паркот без чувство на вина.