Еден од најдобрите играчи во историјата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс ќе го наследи моменталниот менаџер на „црвените ѓаволи“ Луис ван Гал.
Ваков епилог претпосави холандскиот стручњак кој го гледа неговиот помошник како следен предводник на „бебињата“ од Олд Трафорд.
Исто така Ван Гал одговори на прашањето зошто толку пари потроши на Ентони Мартиал кој од Монако во Англија се пресели за 50 милиони евра.
– Не го купив него за моите преостанати години од договорот туку за мојот наследник. Осеќам дека тој ќе биде Гигс. – кратко прокоментира Холанѓенцот.
Гигс целата играчка кариера ја помина во Манчестер Јунајтед под палката на легендарниот менаџер Сер Алекс Фергусон.
Мх.П.