Живата легенда на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс е пред заминување од Олд Трафорд откако Виган покажа огромна заинтересираност за ангажман на велшанецот на менаџерската позиција.


Англиските медиуми веќе го назначија Гигс за нов менаџер на „латекси“, а помошници ќе му бидат Мајк Фелан и неговиот долгогодишен соиграч Фил Невил.

Гигс минатата сезона го предводеше Јунајтед во последните натпревари откако тогашниот менаџер Дејвид Мојс заработи отказ.

Мх.П.