Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Премиер лигата, Рајан Гигс за англиските медиуми откри интересна анегдота поврзана со неговиот син.


Велшанецот кој целата кариера му ја посвети на „црвените ѓаволи“ на својот син не може да го убеди дека бил добар и брз фудбалер.

– Тешко ми е што мојот син никогаш не ме гледаше како играм фудбал. Ко ќе му речам дека бев побрз од Меси, син ми со смеење ми одговара „Не си, јас сум побрз од тебе“. – рече Гигс и додаде. – Кога ќе му пуштам снимка на телевезија и ќе му речам еве го тато види некој гол, тој одма излегува од соба. Тој ги сака Нејмар и Меси и нема тука лутење секое време си носи свои херои.

Гигс запиша 936 настапи за Манчестер Јунајтед и освои вкупно 34 титули што го прави најтрофеен играч на сите времиња.

OhridNews