Полуфиналистот од последниот континентален собир во Франција, Велс го назначи Рајан Гигс за нов селектор на најдобрата фудбалска репрезентација.

Гигс кој цела фудбалска кариера ја мина во Манчестер Јунајтед со Фудбалската федерација на Велс потпиша четиригодишен договор.

– Со нетрпение чекам да работам со играчите и заедно да се потрудиме да донесеме радост во нашата земја. Јас лично сум горд што добив шанса да го предводам националниот тим и ветуваме дека нема да разочарам. – изјави Гигс.

Именувањето на Гигс за селектор е рискантен на велшката федерација, бидејќи прославениот фудбалер нема големо искуство како менаџер.

OhridNews