Кристијан Шишкоски, ученик од четврта година во охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ заедно со уште четворица ученици, е избран да ја претставува Македонија на 53-тата Меѓународна олимпијада по физика која ќе се одржи од 10 до 17 јули 2023 година во Токио, Јапонија.
Селекциониот натпревар се одржа на 29 мај во организација на Друштвото на физичари на Република Македонија каде беа поканети 25 ученици, кои покажале најдобар резултат на државниот натпревар по физика, да земат учество.
Според покажаните резултати матурантот Кристијан Шишкоски влезе во групата од петте најдобри ученици кои ќе ја претставуваат нашата земја на претстојната меѓународна олимпијада во Токио. Честитки за Кристијан и му посакуваме успех во претстојното натпреварување, велат од охридската Гимназија.
OhridNews