Гимназијалците наградени за изработено видео наменето за Глобалната кампања за климатски промени на НАТО.
Имено, како што информираат од училиштето тим од ученици од четврта година под менторство на професорката Марија Чанова изработиле кратко видео во кое требало да бидат опфатени еколошки прашања и проблеми кои се закана за светот.
Меѓународниот воен совет за клима и безбедност (IMCCS) со поддршка на Мисијата на САД во НАТО го избраа нашиот тим како еден од најуспешните во меѓународни рамки. По тој повод нашето видео ќе биде прикажано во кампањата #MyClimateSecurityStory и ќе има можност да учествува на виртуелна тркалезна маса со претставникот на САД во НАТО-Џулијан Смит и младата лидерка во НАТО-Катарина Кертисова на 21 април оваа година, велат од училиштето.
Додаваат дека за тим лидер бил избран ученикот Андреј Митрески, а учесници биле и учениците од општествено-хуманистичко подрачје, комбинација Б од класот IV-4. Победнички тим е добитник на хонорар од 500 долари.
OhridNews