Учениците од охридската Гимназија, под менторство на професорот по латински јазик, Стефан Каневче, вечерва, по 10-ти јубилеен пат ќе го одржат традиционалниот предновогодишен хуманитарен концерт. Младите креативци на сцената при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе ги донесат најголемите евровизиски хитови.

Концертот чие мото е „Ние не сме професионалци, ние сме гимназијалци“, почнува во 20 часот.

Влезниците за концертот по цена од 100 денари се распродадени, а учесниците најавуваат прекрасна музичка вечер во Центарот за култура.

Собраните средства, како и секоја година ќе бидат наменети за помош на ученици, на кои таа им е потребна, за реализација на претстојните екскурзии.

OhridNews e медиумски покровител на настанот.

OhridNews