Ученикот Мартин Мурговски од охридската гимназија ОСУ „Св. Климент Охридски“ ќе го претставува своето училиште во финалето на меѓународниот натпревар по англиски јазик „Hippo“, кое ќе се одржи на 10-ти и 11-ти мај во Лидо ди Јесоло, Италија.
Ова следува откако на натпреварот одржан во март, во конкуренција на илјадници ученици од осум држави, Мурговски се пласира меѓу најдобрите.
OhridNews