Завршна прес-конференција пред изборниот молк, денеска одржа ОИШ на ВМРО НП. На средбата со новинарите свое обраќање имаа кандидатот за градоначалник на Охрид, Томе Гиноски и носителот на кандидатската листа на советници, Јоне Станкоски.
– ВМРО НП скромно но решително ја промовира својата предизборна кампања за освојување на локалната власт во Охрид. Останавме доследни на принципите на ВМРО, ќе останеме доследни и на вас и на Охрид . Коцката е фрлена и нема враќање назад, ја бараме вашата подршка за подобар Охрид и за подбра иднина, рече кандидатот за градоначалник на ВМРО НП, Томе Гиноски.

Носителот на кандидатската листа на советници, Јоне Станкоски, истакна дека ВМРО НП на овие избори излегла со подмладена и квалитетна листа луѓе.
–Тоа се луѓе кои ги познавате , со кои долги години сте соработувале , пријатели , соседи, личности кои што своите квалитети ги покажале многу пати и ќе застанат зад решавањето на вашите проблеми и потреби во следниве 4 години. ВМРО НП ги повикува граѓаните добро да ги согледаат листите на советници и да направат разлика помеѓу она што ние го нудиме и она што го нудат другите, рече Станкоски.











