СТОП за градежната и еколошката девастација на македонскиот Ерусалим Охрид, побара на денешната средба со новинарите кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО НП Томе Гиноски .
Од Вмро НП најавуваат формирање на јавно претпријатие за урбанизам и просторно планирање кое ќе го хармонизира развојот на градот со огромното културно духовно и архитектонско богатсво наследено од минатите генерации и минатите цивилизации.
– Со преизграденост, со апартманиазција и бетонизација, градот на светлината Лихнидос стана град на осојниците. Градот на вечната пролет стана град со изменета микроклима – истакна Гиноски
Охридскиот еколошки регион конкурира за едно од седумте светски чуда на планетата земја , затоа од Вмро НП ветуваат остра борба за зачувување на светскиот еколошки бисер, Охридското Езеро, како и неговиот брег и националниот парк Галичица.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com