Денеска од 21 часот во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, е претпослениот ден од ревијата на македонски филмови од Столе Попов.

На летната сцена ќе биде прикажан еден од најпопуларните македонски филмови на минатиот век „Gipsy magic“, додека утрешното затворање на ревијата ќе биде проследено со „Оган“, краткиот филм „Дае“ и „Австралија“.

Влезот е слободен, а ревијата ќе трае до 18-ти овој месец.

OhridNews