Тој напомена дека за динамизирање на процесот на евроинтеграциите клучни се и реформите.

Всушност реформите коишто се поврзани со животната средина, меѓутоа, исто така, и реформи коишто се однесуваат генерално на сите сфери од животов за да може земјата рапидно брзо да се приклучи кон ЕУ. Тоа што е потребно да се направи е да се забрза динамиката на самите реформи за да може земјата што поскоро да може да ги искористи сите придобивки коишто се нудат од страна ЕУ, изјави Гир.

Евроамбасадорот истакна дека што побрзо се спроведуваат реформите, толку побрзо ќе биде и самото влегување на земјата во ЕУ.

Тој пат пред земјата е јасен, отворен е, така што, ако се забрза процесот на реформи ќе може и практично да се искористат бенефитите во таа смисла. Јас сум навистина убеден, ако ги преземете овие чекори, ќе се приклучите кон ЕУ, порача Гир по обраќањето на настанот за одбележување на Денот на Натура 2000 и Светскиот ден на биодиверзитетот во Општина Дебрца.

OhridNews

Фото: OhridNews