Mисијата на Германското Друштво за меѓународана соработка (ГИЗ) престојува во Охрид. Претставници на мисијата денеска остварија средба со Дејан Пановски од Билатерелниот Секретаријат за сливот за Охридско Езеро, на која биле сумирани досегашните резултати од Проектот за заштита на биодиверзитетот на езерата во Дримскиот Басен, а се разговарало и за идните активности и нови можни проекти од еколошката сфера во сливот на Охридското и Преспанското Езеро.

-Потребен е заеднички квалитетен мониторинг на водите и биодиверзитетот, како и категоризација на трите Езера која со овој проект веќе е извршена. Во Охридското Езеро според извршената категоризација, статусот на водата е генерално солиден со сеуште проблематични места во вливот на водотеците. Во меѓувреме преговараме да донесеме нови проекти и нова поддршка од страна на ГИЗ за заштита на Езерата и тие преговори ќе ги финишираме во понеделник во Тирана.-изјави Дејан Пановски.

ГИЗ е редовен поддржувач на процесите за заштита на сливот на Езерата и поддржувач на проектот за заштита на блатните површини и нивна туристичка промоција. Претставниците на ГИЗ се интересирале и за реализацијата на проектоит за заштита на Студенчишкото блато, кој е поддржан од германското друѓтво. 

-Почетокот на инфраструктурен дел од проектот за Блатото зависи исклучиво од Одлуката за границите на опфатот кој ќе се стави под режим на заштита. Задоволство е што сензибилизацијата доведува до носење Одлука и заштита. Нема отстапување и затоа и во наредната фаза на поддршката од ГИЗ ја планираме заштитата на тие површини кои дури и ќе бараме да ги прошириме со заштита на појасите со трска.-посочи Пановски. 

Мисијата на ГИЗ ќе оствари средби и со преставници на Хидробиолошкиот Завод, на Еколошкото Друштво Грашница и на концесионерот на рибниот фонд на Охридското Езеро.

OhridNews