Кошаркарите на ГКК Охрид денеска ја пречекуваат Гевгелија во второто коло од Првата македонска кошаркарска лига. Натпреварот почнува во 18 часот.
Охриѓани во првиот домашен натпревар сезонава влегуваат по победничкиот старт на гостувањето во Свети Николе, каде во првото коло го совладаа Овче Поле со 66:62.
Пред домашната публика, ГКК Охрид ќе се обиде да стигне до втората победа и да го продолжи успешниот почеток на сезоната 2026/27.
OhridNews












