Два пријателски натпревари ќе одигра сениорскиот тим на ГКК Охрид со грчката екипа на Олимпијакос Волу која се натпреварува во грчката А2 Лига, информираат од клубот.

Додаваат дека тимот на Олимпијакос Волу е под раководство на грчкиот прволигаш Олимпијакос Пираеус кој воедно се натпреварува и во Евролигата и ја има освоено европската титула 3 пати.

Првиот натпревар е закажан во петок, 23 септември, во СРЦ „Билјанини Извори” со почеток во 18:30 часот, додека вториот е на 24 септември во спортска сала „Григор Прличев” со почеток  во 18:00 часот.

OhridNews