Со кратка комеморација и минута молк, пред почетокот на натпреварот меѓу ГКК Охрид и Гевгелија, беше оддадена почит на прерано починатиот кошаркарски тренер и спортски работник Антонио Савевски.
Кошаркарите на Охрид на теренот излегоа со маички со неговиот лик, во знак на сеќавање на човекот кој беше дел од охридската спортска заедница.
Првиот домашен натпревар на ГКК Охрид во новата сезона започна со спомен за Антонио и неговиот придонес во кошарката и спортот во градот.
Савевски кој првите чекори во тренерската кариера ги направи во ГКК Охрид, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи минатиот месец на излезот од Охрид.
OhridNews
Фото: А. Момироска














