Градскиот Кошаркарски Клуб Охрид во возбудлив натпревар загуби од Пелистер во натпреварот од 16 коло, што се одигра во салата „Билјанини извори“. Гостите од битола славеа 77:85.

Охриѓани пружија достоен отпор на фаворизираниот противник. Првата четвртина им припадна на битолчани 18:25. Во втората Охрид успеа да намали дел од негативата 20:22, како и во третата 19:20. Последниот период му припадна на Охрид 20:18.

На табелата Охрид е 10 место со 19 бодови, додека Пелистер е четврти со 27.

Во следното коло Охрид му гостува на МЗТ Скопје Аеродром.

Г.М.