ГКК Охрид загуби во последното коло во 1 кошаркарска лига од Струмица на домашен терен 50:80, со што ги заврши натпреварите во првенството.

Струмица го оправда епитетот на фаворит и од првата позиција ќе стартува во разигрувањето за место во Супер лигата.

Најефикасен во редовите на Охрид беше Донаковски со 17 поени.

Тенерот Тони Стојаноски сезоната ја оцени како успешна со оглед на сите околности, изразувајќи благодарност до спонзорите, помагателите и публиката.

Г.М.