Кошаркарите на ГКК Охрид продолжуваат со одличните настапи во Првата лига мажи. Тие викендов забележаа нова победа на гостински терен во 9. коло од шампионатот.
Охриѓани прикажаа борбена и дисциплинирана игра во текот на сите 40 минути и со сигурна реализација во клучните моменти заслужено славеа над Младинец во Скопје 56:76.
Во наредното коло ГКК Охрид го очекува дерби натпревар против екипата на Вардар на домашен терен, а воедно и деби на американското засилување Џејлен Хокинс.
OhridNews













