Кошаркарите на Охрид претрпеа пораз на домашен терен од ТФТ Скопје во интересен натпревар од 21 коло, што се одигра вечерва во салата “Билјанини извори”. Гостите славеа по продолжение 78:89, откако во регуларниот дел мечот заврши 72:72.

Охрид добро го отвори натпреварот и ја доби првата четвртина со 14:11. ТФТ возврати во втората 23:26, а скопјани стекнаа осетна предност во третиот период кој го добија 11:22. Охрид возврати во последната четвртина со иста мерка, 24:13, и го одведе натпреварот во продолжение во кое гостите славеа 6:17, за конечни 78:89.

Охрид по ова коло останува на 10та позиција со 26 бода, ТФТ Скопје е на 4 место со 35 бода.

Во наредното коло кое на програмата е на 30 март, Охрид му гостува на Чаир во Скопје.

Г.М.