Кошаркарите на Охрид загубија на домашен терен во вчерашниот натпревар против екипата на Мега баскет од Прилеп постигнувајќи резултат 64:81.

Гостите од Прилеп имаа постојано водство во текот на целиот меч. Охриѓани се обидуваа да го стигнат противникот, но едноставно немаа свој ден. Домашниот тим, како и публиката силно реагираа на судискиот критериум на натпреварот.

Натпреварот беше одигран во рамките на 12. коло од Првата лига мажи.

OhridNews