„Гладијаторите“ претстојниот викенд се пред нов голем предизвик. Во Охрид гостува силниот Вардар. Домаќинот е максимално мотивиран и најавува голема борба за бодовите.

Во недела ни гостува двократниот европски првак Вардар, кој годинава повторно е во борба за шампионската титула на Македонија. Ние ќе излеземе максимално мотивирани да се покажеме во добро светло и доколку ни се укаже шанса за победа, ќе пробаме да ја искористиме. Ги повикувам „Рибари“ и љубителите на ракометот, да дојдат во што поголем број да ни дадат поддршка и да уживаат во ракометниот спектакл, вели Иван Тасески.

Натпреварот се игра во недела, 31 март,  во салата „Билјанини Извори“ со почеток во 18:30 часот.

OhridNews