Охридскиот ракометен клуб во комплетен состав го одбработи синиќешниот тренинг, откако дел од ракометарите успешно го пребродија вирусот ковид -19. „Гладијаторите“ низ тренинг со игра и забава, покажаа дека принудната пауза и вирусот не ја нарушиле позитивната атмосфера во екипата.

Ракометарите кои добија позитивни тестови согласно насоките од институциите поминаа одредено време во самоизолација, без големи симптоми и лесна клиничка слика.

Натпреварите во Групата А продолжуваат в среда на 14 октомври. Охрид на рестартот ќе се сретне со Радовиш, а потоа следуваа мечевите со Пролет, Струга и преостанатите.

Мх.П.