Ракометниот клуб Охрид ја забележа четвртата победа во серија во Супер лигата, откако на гостински терен во петтата рунда со 28-22 (13-11) го совлада составот на Радовиш.

Натпреварот во Спортската сала „25 мај“ во Радовиш помина во знакот на охриѓани. Домаќините на почетокот од средбата имаа водство 1-0 и 2-1 и тоа беше се што направија. „Гладијаторите“ го презедоа кормилото и го водеа натпреварот. На полувреме разликата на семафорот беше два погодоци (13-11), а на крајот мечот стоеше 28-22 во корист на нашиот клуб.

Во листата на стрелци се истакнаа Бобан Блажески и Дарко Георгиевски кои постигнаа по осум погодоци, на четири застана Иван Тасески,  а по три реализираа Златко Везенковски и Крсте Андоноски. Кај домаќините се истакна Божидар Симиќ кој постигна осум голови.

Во следната шеста рунда Охрид на домашен терен ќе го пречека тимот на Струга во „Езерското“ дерби.

OhridNews