Ракометниот клуб Охрид не успеа да ја освои шампионската титула на Меѓународниот турнир во Тузла, откако претрпе пораз во финалето од унгарскиот Орошази со 28-20 (15-9).

„Гладијаторите“ лошо го започна првото полувреме и заостана со три-четири голови разлика. Унгарците до крајот на првиот дел ја дуплираа и обезбедија предност од шест погодоци (15-9). Во вториот дел се поправи играта, но ракометарите на Орошази не дозволија да ја загубат предноста и со триумф 28-20 ја освоија титулата.

Во листата на стрелци се истакна десното крило Бобан Блажески со шест голови, три реализираше пивотменот Иван Тасески, додека по два пати прецизни беа Мартин Ивановски и Наум Костов. Во тимот на Орошази најефикасен заврши Саво Славуљича со пет погодоци.

Наградата за најдобар голман замина во рацете на Јагош Брауновиќ, кој имаше два фантастични натпревари во дресот на Охрид.

OhridNews