Ракометарите на Охрид утре (четврток) со почеток во 18 часот против тимот на Радовиш на домашен терен ќе ја финишираат есенската полусезона во Супер лигата. „Гладијаторите“ кои се во серија од две победи очекуваат нов триумф со кој ќе ја заокружат 2018 година.

 

  • Ќе дадеме максимум да стигнеме да победата и најдобар можен начин да ја завршиме есенската полусезона. Радовиш воопшто не е наивен противник и не смее во никој случај да го потцениме. Во составот го имаат најдобриот стрелец во лигата Илиев кој ќе мора да го изолираме и да не му дозволиме да се разигра. Не подготвуваме некоја посебна одбрана за него, туку тимски да одиграме како што го правиме целата полусезона. – изјави Мартин Јовановски.

Помладите ракометари во охридскиот состав ја искористија шансата која синоќа ја добија на дуелот со Борец во „Билјанини Извори“.  Охриѓани славеа убедливо со 43-29, а сите младинци се запишаа во листата на стрелци.

– Без разлика од убедливата победа, чуството да се игра во Супер лигата е добро и многу спротивно од мечевите кои ги играме во Младинската лига. Се надевам дека ги исполнивме очекувањата од охридската публиката и довербата од клубот. Наша задача е секоја шанса да ја користиме и да акумулираме што повеќе искуство. – рече Николче Ристески.

Мечот со Радовиш ќе биде последна задача за охридските ракометари во Супер лигата, а сезоната ќе ја завршат во Холандија со учество на Меѓународен турнир.

Мх.П.