Ракометниот клуб Охрид полека се екипира за почетокот на подготовките за сезоната која престои во Супер лигата. Охриѓани го решија голманското прашање доведувајќи го Мартин Јовановски од битолски Пелистер.

Охридскиот клуб со ангажманот на Јовановски кој има искуство во Супер лигата настапувајќи за Пелистер, Еурофарм Работник и Прилеп продолжи да се држи до концептот на доведување на домашни играчи.

Претходно, потпис на нови договори со Охрид ставија капитенот Крсте Андоновски, пивотменот Иван Тасески и десното крило Бобан Блажески.

Подготовките за новата сезона охридските ракометари ќе ги почнат крајот на овој или почетокот на месец август.

OhridNews