Охридските ракометари, утре, официјално ќе ги отворат мечевите во пролетната полусезона во македонскиот клупски ракомет.

„Гладијаторите“ вовед во ракометните возбудувања ќе имаат во Купот на Македонија, каде во 1/8 финалето ќе ги одмерат силите со Делчево. Мечот се игра в четврток во 15 часот.

Средбата со Делчево ќе послужи како последна генералка за охриѓани пред почетокот на плејоф натпреварите, кои ќе стартуваат следната недела.

Победниците од осминафиналните натпревари ќе формираат четири групи со по четири екипи. Најдобрата екипа од секоја група ќе учествува во Ф4 турнирот.

Двојки 1/18 финале:

  • Среда

Риниа М – Работнички (17:00)

Пролет –  Борец  (18:30)

Прилеп – Аеродром (18:30)

Преспа – Струга (19:00)

Еурофарм Пелистер 2 – Јехона (19:00)

Кичево – Бутел (19:00)

Јуниор Кисела Вода – Драчево (19:00)

Шампион – Тиквеш (19:30)

  • Четврток

Делчево – Охрид (15:00)

Металург РА – Радовиш (16:00)

Еурофарм Пелистер – Вардар Неготино (18:00)

Астраион – Македонија ЃП (18:00)

Куманово – Металург (18:30)

Младост – Скопје (19:00)

Партизан – Голден Арт КЛ7 (19:30)

 

OhridNews