Ракометниот клуб Охрид задржа уште еден играч од ланската екипа откако ја продолжи соработката со Бобан Блажески. Десното крило потпиша нов едногодишен договор и петта сезона по ред ќе биде еден од адутите во нападот на „гладијаторите“.

Подготовките на екипата за следната сезона чекорат по зацртаниот план. Ги остваруваме најавите дека ќе го задржиме костурот на екипата. Преговорите со останатите ракометари се во тек, а преговараме со уште некои за кои сметаме да ќе бидат квалитетни засилувања. – рекоа од клубот.

Од ланската екипа, тимот на Охрид за сега ги задржа интернационалците Јагош Брауновиќ, Филип Кривокапиќ и Денис Тот. Од домашните ракометари останаа Никола Даниловски, Мартин Манасков, Иван Тасески и Крсте Андоновски. На клупата повторно ќе биде Раде Стојановиќ.

OhridNews