Ракометниот клуб Охрид в сабота со почеток во 19 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ против Бутел од Скопје ќе го одигра првиот меч пред своите гледачи во новата сезона од ракометната Супер лига.

„Гладијаторите“ шестата сезона во елитното друштво ја започнаа со пораз од Пролет во Скопје (28-24), а дуелот со Бутел ќе биде премиера пред охридската публика и шанса за први бодови на табелата.

Повеќе информации околу билетите и очекувањата на ракометарите ќе има на средбата со медиумите која е закажан за утре (петок) во 12 часот.

OhridNews