Ракометарите на Охрид, в сабота во Спортската сала „Боро Чурлески“ во Битола силите ќе ги одмерат со тимот на Пелистер во третата рунда од Супер лигата.

Охрид и Пелистер имаат идентичен старт на натпреварите во Супер лигата. Во првата рунда претрпеа порази а во втората победија и со скршија мразот. Третата рунда ќе биде шанса за втора победа на Охрид или Пелистер.

„Гладијаторите“, се благи фаворити пред почетокот на натпреварот но „зелено белите“ на домашен терен никако и никогаш не смеат да се отпишат.

Мечот, в сабота почнува во 18 часот и 30 минути.

OhridNews