Премиерата во СРЦ „Билјанини Извори“ пред верните навивачи „Рибари“ и публиката, ракометарите на Охрид, ќе ја имаат в сабота со почеток во 19 часот против тимот на Работнички.

„Гладијаторите“, немаат успешен и посакуван старт на Супер лигата претрпувајќи пораз од Пролет во првата рунда од шампионатот. Затоа, мечот со Работнички ќе им дојде како мелем на рана и добра можност за воигрување за преостанатиот дел од сезоната.

Екипата на Работнички не е наивен ривал. Во првата рунда, Струга, веќе ги имаше впишано бодовите а на крајот ги подели со домаќинот откако мечот во Скопје заврши без победник.

OhridNews