“Гладијаторите“ го продолжија “суперлигашкиот“ чекор откако триумфираа во дербито со Ѓорче Петров 23-20 (15-10).


Мечот од 17-та рунда во првата машка ракометна лига беше одигран пред 1500 гледачи во салата “Атина Бојаџи“, а охридските ракометари натпреварот го почнаа безпоштедно.

Благодарение на добрата игра во одбрана и ефикасниот напад, ибзраниците на Андоноски по 15 минути игра се одлепија на плус шест погодоци (10-4) која до крајот на првиот дел “лавовите“ успеаа да ја намалат на 15-10.

Стартот на вториот дел го одбележаа техничките грешки на обете страни, во таквата конфузна игра гостите ја намалија разликата на три погодоци. Минутата одмор, го разбуди охридскиот напад. Серијата погодоци на Трифуноски, Томоски и Поп Стефанија  го отпишаа Ѓорче Петров од позитивен резултат.


Голманскиот тандем Пецаков и Китевски искомбинираа 14 интервенции, Томоски и Трифуноски со шест погодоци беа најефикасни во таборот на “гладијаторите“. Левото крило Андоноски постигна пет, Николоски три, Поп Стефанија два и Митрески еден додека десното крило на гостите Волески со осум погодоци беше најпрецизен на мечот.

Следен натпревар на охридските “гладијатори“ е дерби пресметката со третопласираниот Радовиш.

Мх.П.