“Гладијаторите“ полека ги губат шансите за второто место кое води во баражот за Супер Лигата откако претрпеа пораз на “пеколното“ гостување во Чаир, од Ринија со 34-25 (18-13).


Охриѓани влегоа во “црна“ серија, по поразот од Струга, следуваше поразот на домашен терен од Зомимак и третиот во низа од Ринија.


Избраниците на Андоновски на гостувањето во Чаир, спасувале жива глава а дополнително Ракометниот Клуб Охрид 2011 преку соопштение ќе информира што точно се случувало во мечот од 21-то коло со Ринија.

Во наредната 22-та рунда “гладијаторите“ на домашен терен го пречекуваат Младост 09.

Мх.П.