Охрид го кутна лидерот во Првата македонска лига Текстилец со 20-12 (9-4). Клучна улога во победата над новиот прволигаш одигра голманскиот тандем Пецаков – Китески кои заедно искомбинираа 25 одбрани и три пенали.

Најпрецизен во охридскиот тим беше крилото Андновски кој шест пати ја затресе мрежата на штипјани. Во финишот на мечот комплетната охридска клупа доби можност да го осети паркетот.

За охридскиот тим ова беше последниот меч во сезоната. Охридските ракометни јунаци со стоечки овации од илјадната публика беа испратени по завршувањето на мечот.

М.П.