Ракометарите на Охрид 2011 го совладаа Младост 27-22 (15-12) во првиот натпревар од 1/8 финалните групи. “Гладијаторите“ пласман во 1/2 финалето во Купот на Македонија, ќе играат против Тинекс Пролет.


Деснотот крило Трифуноски со девет погодоци го предводеше бродот на “гладијаторите“, по него следуваа Андоновски пет, Томовски четири, Николоски три, Поп Стефанија, Митрески и Тасески два.

Натпреварот Тинекс Пролет – Охрид се игра во 19 часот во салата  ОУ 11- ти Октомври во Скопје.

Мх.П.