Ракометарите на Охрид 2011 по победа над Радовиш во супер дербито во првата машка ракометна лига, ги очекува нова дерби пресметка. “Гладијаторите“ во 16-та рунда ги очекува “езерското“ дерби, со лутиот ривал Струга.

Струга се спрема како да игра Лига на Шампиони, а не со нас. Морам да напоменам дека на победа од Струга нема да се радуваат стружани, него Струмица и Зомимак. Ние во Струга ќе одиме да одиграме машки и храбро – потенцираше тренерот на “гладијаторите“, Горан Андоновски.

Натпреварот од 16-та рунда се игра во 17 часот, во салата “Нико Нестор“ во Струга. Присуство во голем број најавија “рибарите“ кои се мобилизираат за “езерското“ дерби.

Мх.П.