Првиот натпревар од пролетната полусезона во Супер лигата охридските ракометари ќе го одиграат в понеделник во 19 часот против составот на Тинекс Пролет.


Терминот во понеделник е поместен поради пријателскиот натпревар на Тинекс Пролет  в петок со Унгарскиот шампион, Веспрем.

Без разлика, „гладијаторите“ имаат само една цел, а тоа е победа, со која ќе ги остават во живот амбициите за пласман плејофот од Супер лигата.

Интернационалните судии Ѓорги Начевски и Славе Николов ќе ја делат правдата, со што се покажува влогот во овој натпревар, кој е да се биде или не за двете екипи.

Во останатите натпревари ќе се сретнат : Пелистер – Металург 2, Текстилец – Работнички, Радовиш – Прилеп, Зомимак – Преспа.

Табела : Зомимак 42, Металург 2 30, Прилеп 28, Радовиш 24, Пелистер 24, Тинекс Пролет 21, Охрид 20, Работнички 13, Преспа 6, Текстилец 0.

Ohridnews