Според Општинската изборна комисија, гласачот повеќе пати го превиткал ливчето кое заглавило во отворот на кутијата, па тој подудрил по кутијата по што капакот пукнал.
Избирачкиот одбор во истиот момент го стопирала гласањето, полицијата го привела гласачот и направила увид на местото. Од ОИК обезбедиле нов капак на кутијата по што гласањето продолжило.
Истрагата ќе покаже дали гласачот намерно или ненамерно го скршил капакот.
На ова гласачко место гласањето ќе биде продолжено за саат и две минути, онолку колку што бил прекинот.