Европската куќа на кошарката денеска го започна своето гласање за најдобар кошаркар на годината на „Стариот континент“. Меѓу десетте најдобри и нашиот Мекејлеб


 

Гласањето почнува денеска и завршува на 31 јануари 2012 година, а ФИБА
Европа предложи десет кошаркари. Меѓу нив, шест се играчи кои
настапуваат во НБА лигата, а во конкуренција на останатите четворица кои
настапуваат во Европа, тука е Лестер Бо Мекејлеб.

„Бо Мекејлеб
имаше година за паметење. По повторувањето на пласманот на Фајнл Фор
турнирот од Евролигата со Монтепаски, бекот направи голем успех за
Македонија на Евробаскетот. Малкумина веруваа во потенцијалот на тој
тим, но Мекејлеб го водеше неговиот состав дури до полуфиналето,
победувајќи го домаќинот Литванија попат со брилијантна игра во
четвртфиналето. Поради тоа обезбеди свое место и во најдобрата петорка
на турнирот“, пишува на официјалната интернет-страница на ФИБА Европа,
како објаснување за Мекејлеб.

Во конкуренција на Мекејлеб за
наградата најдобар европски кошаркар за 2011 година се: Николас Батум
(Портланд), Димитрис Дијамантидис (Панатинаикос), Пау Гасол (ЛА
Лејкерс), Марк Гасол (Мемфис), Андреј Кириленко (ЦСКА Москва), Хуан
Карлос Наваро (Барселона), Дирк Новицки (Далас), Тони Паркер (Сан
Антонио), Душко Савановиќ (Анадолу Ефес). Потсетуваме, лани наградата ја
освои Милош Теодосиќ, а пред тоа две години по ред најдобар беше По
Гасол.

Секој љубител на кошарката, со свое име, презиме и е-маил
адреса може да гласа за своите тројца фаворити. Гласајте за Лестер Бо
Мекејлеб – тука.

Ohridnews