Познатииот стендап комичар од Охрид Никола Тодороски се најде во потесниот избор за пласман во полуфиналето на светскиот наптревар „THE FUNNIEST PERSON IN THE WORLD“, што ќе се одржи во Хелсинки. За да го оствари тоа на Никола му е потребна поддршка, па затоа веднаш логирајте се на следниот ЛИНК и гласајте за него.

Гласањето трае до 1 октомври, па затоа побрзајте.

– Смеењето е универзален јазик. Овој настан e своевидна алтернатива на светската дипломатија, амбасадор кој дипломатијата ја практикува низ смеа. Замислете ја можноста да гледате комичари од сите култури во светот како ги смеат луѓето. Со нетрпение очекуваме да се сретнеме во Хелсинки. – стои во интернационалниот повик за гласање за избор на полуфиналистите на наптреварот „THE FUNNIEST PERSON IN THE WORLD“. Никола Тодороски е единствениот стендап комичар од Македонија кој се најде во конкуренција за натпреварот.

Никола Тодороски е најактивниот професионален стендап комичар во Македонија. Покрај бројните настапи во земјата, Никола зад себе има десетици успешни интернационални настапи во Лондон, Амстердам, Франкфурт, Софија и други градови во регионот. Учеството во светскиот избор на „THE FUNNIEST PERSON IN THE WORLD“, каде Никола конкурира со материјал на англиски јазик, е потврда на неговиот квалитет, чие учество на натпреварот сега зависи од поддршката на публиката.

Затоа маусот в раце и ГЛАСАЈТЕ!

OhridNews