– Во Охрид утрово започна гласањето на сите 72 избирачки места. Денес ќе
гласаат 54.437 граѓани со право на глас. До сега немаме пријавено на
ниту едно место било каков проблем, што значи се тече во најдобар ред,
мирно и се надеваме така ќе остане до крај.-изјави Ангелина Недеска, претседател на ОИК Охрид.
Ангелина Недеска – претседател на ОИК Охрид
Одзивот во првите часови од гласањето е минимален, но се забележува раздвиженост на избирачките места.
Сите 72 избирачки места во Охрид отворени навреме
Гласачките места навремено беа отворени и во соседната општина Дебрца. Во Единствениот избирачки список таму се запишани 5326 граѓани, кои своето право на глас ќе можат да го остварат во 28 избирачки места.