Изборот на Кристијано Роналдо за најдобар фудбалер на гала церомонијата на ФИФА во Цирих во конкуренција на Лионел Меси и Ентони Гризман не беше изненадување, бидејќи Португалецот имаше фантастична сезона во дресот на Португалија и Реал Мадрид.
Ништо ново и спектакуларно не понуди ниту гласањето на селекторите, особено не на капитените од националните селекции кои во принцип гласаат исто како на Еврозија, односно за поблиските, или пак соиграчите.
На пример, Лука Модриќ петте поени му ги додели на победникот Роналдо со кој заедно играат во Реал Мадрид, три отидоа на контото од Меси и еден зад името на Герет Бејл.
Капитенот на Англија, Вејн Руни со пет поени го награди некогашниот соиграч од Манчестер Јунајтед, Роналдо. Трите му ги додели на Луис Суарез, а еден доби Џејми Варди. По некоја случајност Руни го изостави Меси.
Најсимпотаматично гласањето како на Евровизија е кај Мануел Нојер кој нема ниту еден фудбалер од тројцата кои на крајот се бореа за награда најдобар фудбалер. Нојер на списокот ги има Тони Крос, Месут Озил и Роберт Левандовски.
Исто така „комшиско“ гласање, односно за поблискиот забележливо е и кај победникот Роналдо. Португалецот поените за најдобрите му ги даде на соиграчите од Реал Мадрид, односно пет за Бејл, три за Модриќ и еден за Серхио Рамос.
Ништо подобар не е ниту Меси кој гласовите исто како и Роналдо ги остави во својот двор, односно на Ноу Камп, наградувајќи ги Суарез, Нејмар и Иниеста.
Капитенот на Македонија, Горан Пандев бодовите ги има распределено, како што и завршија фудбалерите. Петте бодови му ги додели на Роналдо, трите на Меси и едниот на Гризман. И селекторот Игор Ангеловски гласаше по истиот редослед.
Далеку од тоа дека Роналдо не ја заслужи наградата, но ваквото гласање не е транспаратно и наликува на евровизиското, каде од почеток се знае кој од кого колку бодови ќе добие и колку треба да врати.
Кристијано Роналдо најдобар фудбалер во светот !
Михаил Постоловски