Од Дебарско- кичевската епархија информираат дека вечерва, со почеток во 19 часот, во црквата „Св.Ѓорѓи“ ќе се одржи  „Оплакувањето и опело на Христа“, каде ќе богослужи Митрополитот г. Тимотеј .

Утре наутро, на Велика сабота, со почеток во 8.30 часот во црквата Св. Богородица Каменско ќе се одржи Вечерна со Василиева Литургија.

Вечерта, Воскресна богослужба ќе има во сите градски цркви со почеток во 23.30 часот. Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, со почеток во 23.30 часот.

Втора литургија во црквате „Св. Богородица“ – Каменско, и „Св. Ѓорѓи“ ќе се одржи во недела со почеток во 8.00 часот.

OhridNews