Германското државно обвинителство потврди дека главниот осомничен за нападот врз клупскиот автобус на Борусија Дортмунд е припадник на Исламската држава (ИД).
Три експлозии одекнаа во моментот кога фудбалерите на Борусија Дортмунд, се движеа кон стадионот Вестфален, каде требаше да го одиграат четвртфиналниот натпревар во лигата на шампионите против Монако.
Експлозивните направи биле поставени во грмушките крај патот. Во експлозиите повреден беше дефанзивецот на Борусија, Марк Бартра, кој се здобил со посекотини на дланката и скршеница на подлактицата.
Поради терористичкиот напад, УЕФА го одложи натпреварот, тој се одигра во средата и заврши со победа на Монако 2:3.
Германската полиција, по нападот уапси едно лице, кое било „член на странска терористичка организација во Ирак“.
Сепак германските власти не биле во можност да потврдат дали лицето е поврзано со терористичкиот напад.
„Истрагата до овој момент нема обезбедено докази дека осомничениот бил вмешан во нападот. Имаме докази дека тој е член на странска терористичка организација“, соопшти обвинителството, наведувајќи дека ќе бара против против лицето да биде покренато обвинение.
Според податоците со кои располагаат германските власти, уапсениот командувал со единица која организирала киднапирања и егзекуции.
OhridNews