Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер се соочува со голем проблем на три недели пред почетокот на англиската Премеир лига, откако Пер Мерстесакер не отпаува со тимот на американската турнеа.
Првичните прогнози не се најдобри за германскиот интернационалец кој се пожалил на болки во коленото. Деталните лекарски прегледи ќе ја дадат точната пауза, а првично дефанзивецот ќе одмара пет месеци.
Повредата е голем пех е за фудбалерот кој ја презеде капитенската лента од Микел Артета кој се пресели во стручниот штаб од Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.
На турнеата во Америка, „топчиите“ ќе отпатуваат со еден здрав стопер, а тоа е Калум Чејмберс. Францускиот репрезентативец Кошчиелни се уште е на одмор, а Габриел поради операција на крајниците не е во комбинација.
Во Америка англискиот премирелигаш ќе се сретне со „Ол стар“ екипата од МЛС лигата и со Чивас од Мексико.
OhridNews