Еден од трите шкотски преставници во Лигата на Европа, Глазгов Ренџерс се посрамоти, откако отпадна во првата квалификациска рунда од Прогрес Нидеркон.
Тимот од Луксембург пред своите гледачи победи (2-0) и ја анулираше минималната предност (1-0) на Глазгов од првиот натпревар.
„Ренџерите“ имаа неуспешно враќање на европската сцена. Клубот банкротираше и беше префрлен во четвртата лига без шанси да игра во Европа, а очигледно ќе му треба време да се аклиматизира.
OhridNews