Граѓаните на Република Македонија уште денеска програмите на националните и локалните телевизии ќе ги гледаат со аналоген сигнал. Од 1-ви јуни телевиите во земјава ќе емитуваат сигнал во дигитална технологија.
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ информира дека, сите национални и регионални телевизии во Македонија кои добиле лиценца од Советот за радиодифузија и кои потпишале договор со ОНЕ и навреме ја обезбедиле потребната техничка опрема, на 1 јуни, 2013 година, ќе бидат емитувани дигитално преку платформата на ОНЕ.
-До овој момент, на дигиталната платформа на ОНЕ се поврзани сите национални телевизии и дел од регионалните телевизии. Останатите регионални телевизии ќе бидат приклучени на дигиталната платформа, како ги исполнуваат техничките услови. За секоја ново-додадена телевизија ОНЕ континуирано и навремено ќе ги информира гледачите преку порака која ќе се појави на нивните ТВ екрани, доколку истите имаат дигитален приемник (сет-топ-боџ) од ОНЕ, а сите останати на инфо каналот, како и на веб страната на ОНЕ, во доменот ждигитализацијаж.-соопшти ОНЕ.
Од компанијата апелираат до граѓаните кои досега ја следеле телевизиската програма аналогно со антена, доколку досега не набавиле дигитален приемник, истото да го сторат до 1 јуни за да можат да ги следат програмите дигитално.
Македонија е првата земја во регионот која ќе го исклучи аналогниот сигнал.